Контролор на податоци: Приватна Агенција за вработувања ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје, со седиште на ул. Васил Ѓоргов, бр. 24-1/5, 1000 Скопје
Ние, во Приватната Агенција за вработувања ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје (во понатамошниот текст: Агенцијата), се грижиме за вашата приватност и ги обработуваме вашите лични податоци одговорно, транспарентно и во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Оваа изјава објаснува зошто и како ги собираме и користиме вашите податоци во процесот на привремено вработување и отстапување кај работодавачи корисници.
Воедно со потпишување на оваа изјава, Вие давате изречна согласност дека Агенцијата може да ги користи, да ги чува односно врши обработка на вашите лични податоци за потребите на Агенцијата и Работодавачот корисник каде што сте отстапени за извршување на работните задачи, како и да врши пренос на вашите податоци на други правни лица исклучиво кога тоа е потребно за целите на работата.
1. Кои податоци ги обработуваме и зошто?
Вашите лични податоци ги обработуваме исклучиво за цели поврзани со вашето вработување. Правниот основ за обработка е склучување и извршување на договорот за вработување и исполнување на нашите законски обврски.
- Цели на обработката:
- Склучување на договор за вработување: За да можеме да ве вработиме во нашата Агенција.
- Отстапување кај работодавач корисник: За да ве распределиме на работа кај нашите клиенти, согласно Законот за приватните агенции за вработување.
- Исполнување на законски обврски: За пријава во задолжително социјално осигурување, пресметка на плата и водење на евиденции согласно Законот за работните односи и Законот за евиденциите во областа на трудот.
- Категории на податоци:
- Идентификациски и контакт податоци (име, презиме, ЕМБГ, адреса, телефон).
- Податоци за вашите квалификации и работно искуство (CV, дипломи, сертификати).
- Финансиски податоци (трансакциска сметка за исплата на плата).
2. Кој има пристап до вашите податоци?
Вашите податоци ги споделуваме само кога е тоа неопходно и законски дозволено со:
- Работодавачот корисник: кај кого сте отстапени на работа.
- Државни институции: Агенција за вработување, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Управа за јавни приходи и други институции, врз основа на нивните законски надлежности.
- Надворешни соработници (обработувачи): Како сметководствени бироа, со кои имаме склучено договори за заштита на податоците.
3. Колку долго ги чуваме податоците?
Податоците поврзани со работниот однос и платите, по престанокот на вработувањето, се чуваат како документ од трајна вредност, во согласност со Член 22 од Законот за евиденциите во областа на трудот.
4. Кои се вашите права?
Согласно Законот за заштита на личните податоци, вие имате право на:
- Пристап до вашите лични податоци.
- Исправка на неточни податоци.
- Бришење на податоците (под одредени законски услови).
- Ограничување на обработката.
- Приговор на обработката.
За остварување на овие права, како и за сите дополнителни прашања, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци на:
Е-пошта: dpo@hrsolutions.com.mk
Телефон: 072 919 262