ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст „Политика“) го регулира начинот на кој Приватната Агенција за вработувања ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје ги собира, обработува, кориси и чува личните податоци од корисниците при посета нејзиниот Веб-сајт https://hrsolutions.com.mk/ (во понатамошниот текст „Сајт“).
1. Воведни одредби
Политиката за приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и другите релевантни правни регулативи. Сајтот ги обработува личните податоци само за потребите на своите услуги и при тоа обезбедува заштита на приватноста на корисниците.
Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате Вашата лична согласност за собирање и обработка на Вашите лични податоци од страна на Вработување ХР Солутионс Скопје, под условите наведени подолу.
2. Контролор на збирки на лични податоци
Контролор/обработувач на личните податоци е ВРАБОТУВАЊЕ ХР СОЛУТИОНС Скопје, со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр 24/1-5, Скопје, со ЕМБС: 6151019. Личните податоци се обработуваат во согласност со важечките одредби на Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.
3. Категории на податоци кои се собираат
- Основни лични податоци за Физички лица / Работобаратели, кои при креирање на профил, е потребно да ги внесат следните податоци: име, презиме, е-маил адреса, контакт телефон и град.
- Дополнително, секој Корисник / Работобарател може самостојно по своја волја да прикачи и CV, а со тоа да внесе и дополнителни лични податоци како слика, пол, дата на раѓање, образование, информации за работното искуство, дополнителни контакт податоци, познавање на странски јазици и други вештини.
4. Начин на кој се собираат личните податоци
Личните податоци ги собираме на различни начини, вклучувајќи:
- Податоци кои Корисникот ги внесува при креирање на свој профил на Сајтот;
- Податоци кои Корисникот ги открива и наведува при комуникација со Агенцијата, преку објавените е-mail адреси и телефонски броеви;
- Податоци за Корисникот при користење на Сајтот, вклучувајќи и оние кои доброволно пополнуваат анкети на Сајтот.
Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.
5. Основ за обработка на личните податоци
Компанијата обработува лични податоци врз основа на:
- Согласност: за активности каде што е потребна согласност од корисникот (на пр. за испраќање на маркетинг материјали или известувања), при што корисникот има право да ја даде или повлече својата согласност во било кое време;
- Договорни обврски: податоците се собираат и обработуваат за исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од користењето на услугите на Сајтот;
- Законска обврска: кога обработката на податоците е неопходна за усогласување со одредени законски обврски;
- Законски интерес: во случаи кога обработката е потребна за остварување на легитимните интереси на Агенцијата, особено за обезбедување на функционалноста на Сајтот, сигурност на податоците, или за подобрување на корисничкото искуство, а без притоа да се наруши вашето право на приватност и доверливост.
6. Согласност за обработка на лични податоци
Со користењето на Сајтот, Работобарателите даваат изречна согласност на Агенцијата за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при креирање на кориснички профил и/или преку објавување на CV, молба или било кој друг документ. Корисниците даваат согласност и за контактирање преку електронски пат како дел од функционалностите на системот (отворени работни позиции, системски пораки, известувања од Сајтот).
Работобарателите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Агенцијата за отповикување на согласноста и деактивирање и/или бришење на корисничката сметка.
Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податици, се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за отворени работни места, како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со креирање на кориснички профил и аплицирање на огласи за работни места, и не можат да се употребат за друга цел.
Употребата на податоците за било која друга цел (копирање, транскрипција, дистрибуција, итн.) без согласност на Агенцијата и Работобарателите, за масовна дистрибуција, промотивни пораки и слични работи е строго забрането, а во таков случај Агенцијата ќе ги извести надлежните органи.
7. Цели на обработка на личните податоци
Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на Hrsolutions.com.mk, преку складирање на биографии и други кориснички податоци во базата на профилот.
8. Обработка и зачувување на податоците
Агенцијата ги обработува личните податоци на транспарентен и безбеден начин, со преземање на сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, злоупотреба, загуба или уништување. Податоците се чуваат за период кој е неопходен за исполнување на целите за кои се собрани, освен ако законски не е пропишан подолг период на зачувување.
9. Споделување на личните податоци
Агенцијата не споделува лични податоци на корисниците со трети страни, освен во следните случаи:
- Кога Агенцијата ангажира надворешни партнери и даватели на услуги за поддршка на своето работење. Притоа, надворешните партнери се обврзани при обезбедување на услугите, да постапуваат во согласност со упатствата и насоките од Агенцијата.
- На барање на надлежните правосудни органи или регулаторни тела, ако постои законски основ за тоа.
10. Кој има пристап до Вашите податоци?
Во Агенцијата пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски, и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.
11. Време на чување на собраните податоци
Податоците кои Агенцијата ги собира се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката, со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката – овозможување и давање на нашите услуги и извршување на склучени договори.
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
– наши законски или договорни обврски;
– податоците дадени при регистрација, или наведени во Корисничкиот профил, како и податоците дадени за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
– времето потребно за обработка на барањето или приговорот (доколку е поднесен приговор).
Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони.
12. Права на субјектите на лични податоци
Во согласност со Законот за заштита на лични податоци, корисниците ги имаат следните права во врска со обработката на нивните лични податоци:
- Право да бидат информирани за обработката на личните податоци (право да бидат информирани за какви цели се обработуваат нивните податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, временскиот рок на чување, легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат);
- Право на пристап: корисникот има право да бара информација за тоа дали се обработуваат неговите лични податоци, како и пристап до тие податоци;
- Право на исправка: корисникот има право да побара исправка на неточни или нецелосни податоци;
- Право на бришење: корисникот може да побара бришење на неговите податоци кога тие повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани;
- Право на ограничување на обработката: корисникот може да побара ограничување на обработката на податоците, под услови утврдени со закон;
- Право на приговор: корисникот има право согласно важечкиот закон, да поднесе приговор за обработката на неговите лични податоци, особено кога податоците се обработуваат за директен маркетинг;
- Право на повлекување на согласноста: корисникот има право да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци во секое време (доколку корисникот дал согласност за обработка на личните податоци).
Корисниците може да ги остварат овие права со поднесување на барање преку контакт информациите обезбедени подолу. Агенцијата ќе одговори на сите барања во роковите пропишани од закон.
Барањето може да се поднесе на следниот начин:
– електронски на следната маил адреса: ana.gjorgjievska@hrsolutions.com.mk
– по пошта на адреса: ул. Васил Ѓоргов бр. 24/1-5, Скопје.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на лични податоци: Ана Ѓорѓиевска, ana.gjorgjievska@hrsolutions.com.mk.
13. Право на поднесување на барање до АЗЛП
Доколку сметате дека начинот на кој Агенцијата ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.
14. Промена на политиката за приватност
Со пристапување и користењето на Сајтот Hrsolutions.com.mk, изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност.
Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се ажурира и дополнува соодветно на настанатите промени, за што ќе бидете информирани. Препорачуваме редовно да ја посетувате нашата Политика за приватност за да се информирате за сите важни промени.
15. Безбедност на податоците
Агенцијата применува високи технички и организациски стандарди за заштита на личните податоци на корисниците од неовластен пристап, злоупотреба, измена или уништување. Агенцијата користи технологии како енкрипција, согласно важечкиот Закон за заштита на лични податоци.