Општи услови за користење

1. Воведни одредби и дефиниции

Овие Општи услови за користење важат од денот на нивното објавување на Веб сајтот hrsolutions.com.mk (во понатамошниот текст „Сајтот“) и претставуваат составен дел од секој склучен договор, усен или писмен, помеѓу правното лице Агенцијата и сите физички и/или правни лица, корисници на услугите на Сајтот (во понатамошниот текст „Корисници“).

Овие Општи услови ги уредуваат односите меѓу Агенцијата и Корисниците во врска со пристапот, користењето на услугите и информациите на Сајтот, како и обврските и правата кои произлегуваат од истото. Со користењето на Сајтот, Корисниците потврдуваат дека ги прочитале, разбрале и се согласуваат со овие Општи услови. Агенцијата го задржува правото на измена на овие Општи услови во било кое време, со објава на измените на Сајтот.

Дефиниции на поими:

  • „Сајт“– веб-страница hrsolutions.com.mk, заедно со сите поврзани подстраници и други дигитални платформи управувани од Агенцијата.
  • „Користење“– секоја активност извршена од страна на Корисникот на Сајтот, вклучувајќи креирање профил, внесување лични податоци, преглед на содржини и услуги, поднесување апликации за работа, и слично.
  • „Лични податоци“– информации што се однесуваат на физичко лице кое е идентификувано или може да се идентификува, во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
  • „Работно место“– секоја работна позиција или вид на работен ангажман (редовно вработување, времен ангажман, практикантство, обука и сл.), дозволен со закон, кој е објавен на Сајтот.
  • „Работодавач “– правно или физичко лице кое користи услуги на Сајтот за регрутација и селекција на потенцијални кандидати за работни позиции, како и услуги за отстапување на привремени агенциски работници и консалтинг услуги.
  • „Работобарател“– физичко лице кое го користи Сајтот за пронаоѓање на вработување или друг вид на работен ангажман, дозволен согласно законската регулатива.

2. Користење на Сајтот

Корисници: Сајтот е достапен за лицата кои бараат вработување (Работобаратели) и за правни лица/компании кои бараат кадровски решенија (Работодавачи).

  • Користење од Работобаратели: Корисниците/Работобарателите може да креираат профил, да поднесат CV и други релевантни информации за своето професионално искуство и квалификации. Внесените податоци се користат исклучиво за целите на посредување и помагање при вработување, согласно Политиката за приватност на Сајтот.
  • Користење од Работодавачи: Корисникот/Работодавач ги добива услугите преку посредство на Агенцијата, без директен пристап до база на податоци или лични информации на кандидатите. Работодавачот може да ги користи добиените информации и услуги исклучиво за потребите на селекција, ангажман на привремени работници и консалтинг, во согласност со договорените услови. Забрането е надворешно користење или споделување на информациите кои Работодавачот ги добива од Агенцијата.

3. Содржина и точност на податоците

Агенцијата обезбедува содржини за информативни цели. Притоа, Агенцијата не презема одговорност за точноста на информациите поставени од корисниците на Сајтот. Ова важи за сите информации доставени и објавени од било кој корисник. Агенцијата не е одговорна за никаква штета, во кој било обем, која може да настане како резултат на неточни или невистинити податоци објавени на Порталот од страна на корисник.

4. Заштита на личните податоци

Личните податоци се собираат, чуваат и обработуваат во согласност со Законот за заштита на лични податоци и Политиката за приватност на Сајтот. Сите податоци кои се поднесени од Корисниците ќе бидат користени исклучиво за цели кои се наведени во Политиката за приватност, и Агенцијата се обврзува дека нема да ги споделува податоците со трети страни, освен во случаи кога тоа е неопходно за обезбедување на услугите или кога тоа е законски обврзано.

5. Интелектуална сопственост

Сите текстови, графики, логоа, фотографии, видео материјали и други содржини на Сајтот се заштитени со соодветни законски прописи. Корисниците немаат право да ја копираат, дистрибуираат, модифицираат или користат содржината на Сајтот без претходно писмено одобрение од Агенцијата.

6. Одговорност и гаранции

Агенцијата не гарантира дека Сајтот ќе биде достапен постојано и без прекини. Агенцијата не презема одговорност за било какви штети или загуби што може да настанат како резултат на технички проблеми, прекини или грешки при користењето на Сајтот.

7. Поврзани страници и надворешни линкови

Сајтот може да содржи линкови до веб-страници на трети страни, кои се обезбедени само за информативни цели. Агенцијата не е одговорна за содржината на тие веб-страници и не ги поддржува ниту ги гарантира информациите или услугите што се понудени на тие страници.

8. Промени на Општите услови

Агенцијата го задржува правото да ги менува, дополнува или ажурира овие Општи услови во било кое време, со цел да обезбеди усогласеност со законодавството, да ја подобри функционалноста на Сајтот, или да го адаптира своето работење кон новите деловни и технолошки околности. Секој Корисник кој продолжува да го користи Сајтот по објавувањето на измените автоматски, се смета дека ги прифатил новите услови.

Промените ќе бидат објавени на Сајтот, а во зависност од нивната природа, Агенцијата може да ги извести Корисниците преку е-пошта или преку известувања на Сајтот.