Политика за колачиња (Cookies)

За да разбереме како ја користат посетителите нашaтa веб-страницa и за да им овозможиме подобро искуство, може да собираме некои ваши податоци со специјалната алатка наречена колачиња (Cookies).

1. Што се колачиња?

Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.

Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата https://hrsolutions.com.mk/ се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.

  • Што се колачиња од прва страна?

Колачиња од прва страна доаѓаат од веб страници кои ги гледате, а истите може да бидат постојани или привремени. Со помош на тие колачиња, веб страниците може да зачувуваат податоци кои повторно ќе се употребат во текот на следната посета на истата таа веб страница.

  • Што се колачиња од трети страни?

Колачиња од трети страни доаѓаат од реклами од други веб страници (како што се pop-up или други реклами) кои се на веб страната што ја гледате. Со помош на тие колачиња, веб страниците можат да ја следат Вашата активност на интернет за маркетиншки цели.

2. Зошто користиме колачиња?

Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња. Другите колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и да ги таргетираме интересите на посетителите на нашите веб-страници и нив ги нарекуваме колачиња за перформанси или функционалност. На пример, користиме колачиња за да собереме збирни статистички податоци или за да ја приспособиме содржината на информациите што ви ги испраќаме или презентираме и на тој начин го персонализираме вашето искуство додека сте во интеракција со нашите веб-страници. Исто така, трети страни ги користат колачиња преку нашите веб-страници за рекламни цели, аналитика и за други цели.

3. Како можам да ги котролирам колачињата?

Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работата на веб-страницата, но тие би ви овозможиле подобро искуство при пребарувањето. Доколку сакате, можете да ги избришете или да ги блокирате овие колачиња, но ако го сторите тоа, некои карактеристики на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да го приспособите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги приспособувате преференциите секој пат кога ќе ја посетите веб-страницата, а, исто така, можно е да не работат и некои услуги и функционалности.

4. Какви колачиња користи hrsolutions.com.mk и зошто?

Привремени колачиња – при отворање на содржините, коментирање, креирање на кориснички профил и сл.  (работи кои мора да ги направите кога се најавувате со своите податоци на веб страницата).

Трајни колачиња – за функционалности како што се “Запомни ме” при најавување.